• недела, 24 ноември 2024

БиХ ги отвора границите за сите странски државјани

БиХ ги отвора границите за сите странски државјани
Сараево, 2 септември 2020 (МИА) - Босна и Херцеговина ги отвора границите за сите странски државјани, кои досега не биле во можност да влезат во земјата, под услов да имаат негативен тест за коронавирус не постар од 48 часа, изјави денеска претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија. Тој рече дека тоа било договорено на состанокот со премиерите на Република Српска и Федерацијата на БиХ, Радован Вишковиќ и Фадил Новалиќ. - На овој начин, БиХ создаде еднакви услови за сите земји во светот, освен за нашите непосредни соседи, кои сè уште имаат привилегирана позиција кога станува збор за влез во БиХ, рече Тегелтија по состанокот. Тој додаде дека владите на ентитетите со своите здравствени сектори ќе ги потврдат овие одлуки на нивните седници. - По тоа, ние во Советот на министри формално ќе ја донесеме оваа одлука. Тоа ќе биде за многу краток временски период, рече Тегелтија, пренесе РТРС. паг/  

Остани поврзан