• сабота, 28 декември 2024

„БитФест“ продолжува со „Недела на детски филмови“

„БитФест“ продолжува со „Недела на детски филмови“

Битола, 4 јули 2022 (МИА)Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со манифестацијата „Недела на детски филмови“ во чии рамки ќе бидат емитувани пет филмови за деца и млади од поновата европска продукција.

Програмата ќе се реализира во кино „Манаки“, а почнува со проекција на филмот „Неверојатната приказна за џиновската круша“, синхронизиран на македонски јазик и продолжува до 8 јули со секојдневни проекции.

Според програмата, утре ќе се емитува детската авантура „Кариран нинџа“, исто така синхронизиран на македонски јазик, а на програмата до 8 јули се и „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“.

Влезот за проекциите е слободен. мт/мд/

Остани поврзан