• вторник, 12 ноември 2024

Битолчанец осомничен за насилство

Битолчанец осомничен за насилство

Скопје, 4 октомври 2023 ( МИА) - Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „насилство“. 

-На 30 септември, во кафе бар на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола,  осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице. Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина започнал да го удира со тупаници по главата, нанесувајќи му телесни повреди. Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај останатите присутни гости во објектот, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола доставил предлог за определување мерка притвор спрема осомничениот. Судијата го прифатил предлогот и донел решение со кое определи притвор во траење од осум дена. љм/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан