• сабота, 23 ноември 2024

МВР: Битолчанец објавил слика со оружје и се заканил на висок функционер

МВР: Битолчанец објавил слика со оружје и се заканил на висок функционер

Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Во Полициската станица Битола денеска бил извршен службен разговор со двајцата битолчани А.С. и Р.С. на возраст од 42 и 41 година.  А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот, тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Во полициска станица, од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје, се наведува во соопштението.

За настанот бил запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. бд/лв/

Фото: ЕПА

Остани поврзан