• среда, 18 декември 2024

Битолски паркинзи обезбедија хуманитарни паркинг места во градот

Битолски паркинзи обезбедија хуманитарни паркинг места во градот

Битола, 3 јануари 2024 (МИА) -  Локалното јавно претпријатие „Паркинзи“ обезбеди паркинг места во Битола кои ќе бидат јасно обележани и како хуманитарни паркинг простори ќе се користат за хуманитарни цели.

Наплаќањето на хуманитарните паркинг простори ќе се врши исклучиво со СМС-порака, а цената за еден час паркирање изнесува 20 денари.

- Паркинг места во хуманитарен паркинг простор ќе се користат под Тумбе Кафе, кај градскиот парк во зона Ц4, во зона Б6 на улица „Цар Самуил“ и улица „Борка Левата“ каде се обезбедени 17 паркинг места, а хуманитарни паркинг места има и во зона А3. Корисниците на услуга треба да знаат дека за нерегулирано плаќање на хуманитарно паркинг место, казната ќе изнесува 1.000 денари, а левото предно тркало на возилото ќе биде блокирано со механичко средство блокатор, потврдија од ЈП „Паркинзи“-Битола.

Со одлука на Советот на Општина Битола во иднина во затворените јавни паркиралишта, непрописно паркираните возила исто така ќе бидат блокирани со механичко средство блокатор. мт/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан