• четврток, 26 декември 2024

Битолскиот Камерен оркестар вечерва на сцената на Дом на млади во Штип

Битолскиот Камерен оркестар вечерва на сцената на Дом на млади во Штип

Штип, 7 јули 2024 (МИА) - Камерниот оркестар на Битола вечерва ќе настапи на сцената на Дом на млади во Штип, информира денеска директорот на Дом на млади-Штип, Видан Лазаров. Тој истакна дека настапот на Камерниот оркестар е во рамки на 39.издание на Штипско културно лето (ШКЛ). Концертот почнува во 21 часот на летната сцена.

 -Оваа година е 39. издание на Штипско културно лето во организација на Општина Штип. Дом на млади е повторно домаќин на концерт во рамките на ШКЛ. Имам чест да најавам дека Камерниот состав Битола ќе ни гостува со најголемите хитови од 80 и 90-тите години, што значи дека не очекува добра програма, вели Лазарев

Камерниот состав Битола ќе гостува вторпат, а на сцената во Дом на млади за првпат настапиле пред десет години. Овој оркестар е составен од околу 30 луѓе кои ќе бидат озвучени со приофесионална концертна опрема.вдј/бт/

Фото: МИА 

Остани поврзан