• четврток, 26 декември 2024

Битолскиот градоначалник се сретна со избрани студенти за „Универзитетска летна пракса“

Битолскиот градоначалник се сретна со избрани студенти за „Универзитетска летна пракса“

Скопје, 18 јуни 2024 (МИА) - Битолскиот градоначалник Тони Коњановски имаше средба со новите 32 студенти од Универзитетот „Свети Климент Охридски“, кои се пријавија и беа избрани на јавниот повик за „Универзитетска летна пракса“. Студентите, како и минатата година, за време на летниот период ќе извршуваат практикантска работа во општината и јавните претпријатија, со доследно исполнување на договорените задачи и обврски, за што ќе добијат соодветен месечен надомест, информираат попладнево од локалната самоуправа преку соопштение.

- Градоначалникот Коњановски и проректорката за студентски работи, Јасмина Буневска Талевска, ги истакнаа придобивките што ги имаат институциите и студентите, од воспоставената соработка на Општината и Универзитетот. Особено значајно е директното вклучување на студентите во работниот процес, со цел дополнително стекнување практични знаења и искуства, но, истовремено, нивната ангажираност е значајна поддршка за инстутициите во период кога дел од администрацијата користи и годишни одмори, појаснуваат од локалната самоуправа.

За реализација на овој проект, што се спроведува втора година по ред, Општина Битола, согласно Програмата за спорт и млади, издвојува 500.000 денари. Минатогодишната универзитетска летна пракса успешно ја завршија 30 студенти. бд/са/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан