• вторник, 24 декември 2024

Битиќи – Викерс: Инвестициите во енергетика и инфраструктура се можности за продлабочување на соработката со Обединетото Кралство

Битиќи – Викерс: Инвестициите во енергетика и инфраструктура се можности за продлабочување на соработката со Обединетото Кралство
Скопје, 15 фервуари 2023 (МИА) - Можностите за продлабочување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство беа разговарани на средбата помеѓу вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Мартин Викерс,  трговски пратеник за Западен Балкан на премиерот на Обединето Кралство, Риши Сунак.
 
Како што соопшти владината прес-служба, Викерс ја искажал подготвеноста на неговата земја за поддршка и финансирање проекти во енергетскиот сектор, особено во обновливата енергија, но и во патната и железничката инфраструктура во земјата.
 
На средбата тој бил придружуван од неговата помошничка Џули Вонг, амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, заменик-шефот на мисијата, Џулија Смит и Никола Стојановски, директор на Одделот за меѓународна трговија.
- Вицепремиерот Битиќи му се заблагодари на господинот Викерс за поддршката која Обединетото Кралство во континуитет ѝ ја дава на земјата од нејзиното осамостојување и додаде дека му претставува особена чест од искажаниот интерес на Обединетото Кралство за инвестиции во енергетскиот сектор и во патната и железничка инфраструктура, како земја со големо искуство и потврдени позитивни резултати во горенаведените сектори, стои во соопштението од Владата. ар/хс/

Остани поврзан