• четврток, 26 декември 2024

Битиќи: Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона

Битиќи: Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа функција.
-  Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем. Тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат, Владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе, истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.
Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласува дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси. Ставени се на располагање сите капацитети, вклучени се ТЕЦ Неготино со два котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве, како што најави, ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола. бак/лв/

Остани поврзан