• среда, 25 декември 2024

Битиќи: Сплотеноста во европската идеја се протега многу подалеку од партиските и етничките разлики

Битиќи: Сплотеноста во европската идеја се протега многу подалеку од партиските и етничките разлики

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) – Потпретседателот на СДСМ и коносител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Втората изборна единица Фатмир Битиќи денеска ги повика гласачите од скопската општина Шуто Оризари на изборите на 8 мај да го дадат својот глас за Коалицијата која ги обединува сите посветени на европската идеја.

- На 8-ми мај да излеземе на гласачките места и да го заокружиме бројот 1, затоа што тоа е бројот кој ги обединува сите различности во европската идеја. Само така може да напредуваме, со прифаќање на нашите различности како дел од нас, од Македонија, рече Битиќи.

Тој истакна дека сплотеноста во европската идеја се протега многу подалеку од партиските и етничките разлики.

-Не постојат граници за мисијата за обединување на различностите и зачекорување кон европското семејство. Ние одбиваме да бидеме поделени. Во Коалицијата за европска иднина има место за сите, ги прифаќаме разликите како важен дел од нас, нашата идеологија е социјалдемократијата - единство во различностите и солидарност со сите, порача Битиќи.

СДСМ, нагласи тој, верува во потенцијалот на секој граѓанин, во неговата способност на 8-ми мај да донесе разумна одлука за иднината на државата. вг/бак/

Фото: СДСМ

Остани поврзан