• вторник, 20 јануари 2026

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат, недовербата во институциите е иста

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат, недовербата во институциите е иста

15 јануари 2026

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во дебатната емисија „Топ тема“ на „Телма“ истакна дека состојбите денес и во 2016 година, за време на валдеењето на Груевски, не се разликуваат, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

- Да се постави тема за пржинската влада на лидерската средба, мора да се има предвид контекстот во кој таа беше воведена, во период кога довербата во институциите беше на најниско можно ниво, за време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. И тогаш и сега состојбите не се разликуваат - рече Битиќи.

Тој посочи дека во изминатите 18 месеци државата помина изборни процеси што не придонесоа градење доверба во институциите, особено поради инженерингот што беше забележан на локалните избори. 

- Имаме сериозни злоупотреби во секторите како социјалата, земјоделството и внатрешните работи, како и еден од најголемите корупциски скандали во поновата историја на државата, поврзана со Платежната агенција (и ИПАРД). Во сектор во кој е фатен главниот човек за корупција се предлага укинување на механизмите за контрола пред избори. Затоа сметам дека има доволно аргументи за нашите ставови за техничката влада - истакна Битиќи.
 

Фото: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан