• четврток, 26 декември 2024

Битиќи: Соодветен е одѕивот на компаниите по основ на Законот за солидарен данок

Битиќи: Соодветен е одѕивот на компаниите по основ на Законот за солидарен данок

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е задоволен од одѕивот на компаниите по однос на Законот за солидарен данок. Собраните средства по овој основ, како што изјави денеска, ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани.

- Одѕивот е соодветен. Мислам дека според последните информации околу 70 проценти е собран данокот. Другите компании активно работат со Управата за јавни приходи за да видат како да ја исполнат законската обврска, изјави Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања во Куманово. 

Во однос на најавите за намалување на платите на избраните и именуваните лица кои согласно одлуката на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти, Битиќи рече дека работна група работи на изнаоѓање на законско решение и дека евентуални измени треба да претрпат околу седум закони.

- Притоа, треба да имаме предвид да не се наруши принципот на самите закони затоа што лесно може да дојдеме до законски решенија што се противуставни како што впрочем беше и последната одлука на Уставниот суд. Затоа 1.260-те функцонери ќе бидат опфатени со едно решение, но не можам да прејудицирам кое е решението, рече Битиќи. бак/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан