• вторник, 24 декември 2024

Битиќи: Сите вработени заслужуваат достоинствена плата, обезбедивме финансии за нивно зголемување

Битиќи: Сите вработени заслужуваат достоинствена плата, обезбедивме финансии за нивно зголемување

Скопје, 16 декември 2023 

Работниците се силата на нашата економија и државата, затоа и во новиот пакет од анти-кризни мерки од 662 милиони евра обезбедивме финансиски средства за зголемување на платите помеѓу 3.000 и 9.000 денари, порача на трибината „Повеќе за сите!“ во Охрид потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Секој заслужува достоинствена плата, независно дали е вработен во јавниот или приватниот сектор. Затоа обезбедивме финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 - 9.000 денари во приватниот сектор“, рече Битиќи.

Тој посочи дека со деветтиот пакет на мерки се обезбедени 492 милиони евра за директна поддршка на приватниот сектор во насока на одржување на ликвидноста на компаниите , за да може, помеѓу другото, и редовно да исплатуваат плати на своите вработени, во тешки кризни моменти да ги сочуваат работните места.

Воедно, ја поттикнуваме конкурентноста  на компаниите, обезбедуваме  поддршка за инвестиции во обновливи извори“, рече Битиќи.

Потпретседателот Битиќи истакна дека се продолжува и со реализирање на системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза за што се предвидени 516 милиони евра и тоа 189 милиони во 2023 година, и 327 милиони евра во 2024 година.

Од нив, 36,2 милиони евра за зголемувањата на платите во јавниот сектор преку усогласување со порастот на минималната плата, и тоа за 2023 година. За наредната 2024 година, обезбедени се 52 милиони евра за зголемувањето на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор, односно пораст на платата за 10% и исплата на регрес од 10.000 денари за годишен одмор. За истата мерка која предвидува зголемување на платите, во 2024 година се предвидени 150 милиони евра“, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан