• сабота, 23 ноември 2024

Битиќи: Преку НИПП порталот со еден клик може да се пристапи до огромен број просторни податоци

Битиќи: Преку НИПП порталот со еден клик може да се пристапи до огромен број просторни податоци
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска имаше видео обраќање на годишната „GDi Solutions Day“ конференција.
Како што информира владината прес-служба, Битиќи истакнал дека „GDi Solutions Day 2022“ е веќе традиционален настан каде се претставуваат и дискутираат технолошки платформи, решенија и начини на унапредување на деловните процеси.
-Дигитализацијата е иднината на светот, токму затоа, пред една година го промовиравме Национален геопортал на просторни податоци, истиот има за цел зголемување на транспарентноста на работата на јавниот сектор и достапноста до гео-просторните податоци до сите граѓани и стопанството. Со воспоставување на овој нов геопортал, со само еден клик, им овозможуваме на граѓаните, бизнисите како и на државните институции, да пристапат до мноштво гео-просторни податоци, со што значително се олеснува и забрзува секој процес, рече Битиќи.Со еден клик на НИПП гео-порталот може да се дојде до бараната информација, може да се видат катастарските парцели, хидрографската мрежа, патната мрежа, начинот на искористување на земјиштето, зградите, географските имиња, висинскиот модел на теренот, ортофото картата, како и други податоци.Битиќи информира дека полнењето на овој портал претставува предизвик и е комплексен процес, но не и недостижен. На НИПП порталот веќе се наоѓа голема база на податоци, но таа мора да се дополни и постојано да се надградува бидејќи има бројни бенефити. -Земајќи ја предвид важноста на просторните податоци во секојдневно работење на државните институции, во ера на дигитално или „смарт“ општество, мотивацијата и вредноста на инвестициите во овој домен честопати можеби и не се јасно потенцирани. Честопати, пазарната вредност на податоците не може да се препознае се до моментот на имплементација и користење на податоците. Но, верувам, дека сите присутни денеска јасно разбираат дека таа е голема, нагласи Битиќи.
Според Битиќи, собирајќи значајна бројка на институции од државен и приватен сектор, оваа конференција дава можност за размена на искуства, знаење и дефинирање на добри пракси од национален интерес. мд/ац/

Остани поврзан