• сабота, 28 декември 2024

Битиќи пред италијанските сопственици: Северна Македонија нуди поволни услови за бизнис

Битиќи пред италијанските сопственици: Северна Македонија нуди поволни услови за бизнис
Венеција, 10 јуни 2022 (МИА) - Северна Македонија ви нуди едни од најповолните пакети за инвестирање во Југоисточна Европа и законодавство кое е сто отсто синхронизирано со европското. Имаме поволно опкружување за стопанствениците, а очекувам дека бргу ќе дојде денот кога ќе бидеме дел од ЕУ, рече заменикот министер за економски прашања, Фатмир Битиќи на попладневниот завршен бизнис форум што се одржа во Венеција, Италија, на кој учествуваа претставници на македонските стопански комори со Унијата на стопанските комори на Италија, стопанственици од двете земји и присуство на претставници на регионалните власти на регионот Венето. Битиќи пред присутните ги презентираше мерките како што се поддршка на инвестициитте во преработувачкиот сектор во износ од 50 отсто од вкупната инвестиција, можности за ослободување од данок на доход и данок на добивка за период од 10 години, подршка за нови вработувања и други. - Поддржуваме инвестиции со достоинствени плати, но тие сепак се поефтини од италијанските за барем 50 отсто и тоа не прави поконкуретни за нови инвестиции, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. На бизнис форумот се обрати и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи, кој соопшти дека Владата се подготвува да направи целосно мапирање на дијаспората. - Според информациите 13 отсто од нашето население е надвор од земјата, но тоа е бројка само за една генерација и таа може да биде поголема и затоа е важно да ја имплементираме националната стратегија, бидејќи голем дел од приходите во нашата држава доаѓаат од диаспората. Претседателот на Северозапданата стопанска комора на РСМ, Неби Хоџа истакна дека вкупната економска соработка меѓу двете земји постојано расте од година во година и Италија е меѓу десетте најсилни економии со кои има размена. Попладнево се одржа работна средба на претставници на македонските стопански комори со Унијата на стопанските комори на Италија. Посетата на македонските претставници и средбите ги организираа Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ“ и Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција. рт/оџ/    

Остани поврзан