Битиќи: Покачена е минималната плата, покачени се и пензиите, ветивме и носиме подобар живот за сите
- Потпретседателот Битиќи денеска се обрати на трибината организирана во Пласница, дел од караванот „Силно и одлучно“.
18 ноември 2022
Потпретседателот Битиќи денеска се обрати на трибината организирана во Пласница, дел од караванот „Силно и одлучно“. Потпретседателот на почетокот на трибината се осврна на кризата низ која поминуваме и справувањето со истата, како и покачувањето на стандардот на граѓаните, што е исклучително важен, посебно во оваа криза.
„Работиме на раст на стандардот, затоа ја качивме минималната плата на 18.000 денари. Која во март ќе има ново покачување, кое ќе го следи растот на стандардот и цените за живот. И за тоа беше борбата, за подобар живот за сите. Продолживме да ја зголемуваме и просечната плата дури и во сулови на криза, во септември таа изнесува 31.812 денари.
Донесовме и одлука за нова методологија за пресметка на пензиите, која донесе
рекордно зголемување на пензиите во висина од 10 процени оваа година.
330.000 пензионери во нашата земја добиваат поголеми месечни примања за достоинствен живот во златните години.
А во март следната година ќе добијат и ново зголемување од околу 6%. И ќе добиваат зголемување секоја година, за тоа ние се осигуравме.“ – истакна Битиќи
Потпретседателот Битиќи, пред присутните се осврна и на субвенционирањето на струјата за сите граѓани.
„Ја субвенционираме струјата. Струја и енергенси ќе има доволно. Државата ќе продолжи да ја субвенционира со 80 отсто сметката за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании.“ – рече Битиќи.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ