• петок, 27 декември 2024

Битиќи: Подобра инфраструктура е предуслов за економски развој, со договорот со Бехтел и Енка ќе докажеме дека може да се гради на начин кој досега не е виден

Битиќи: Подобра инфраструктура е предуслов за економски развој, со договорот со Бехтел и Енка ќе докажеме дека може да се гради на начин кој досега не е виден

Скопје, 9 март 2023 (МИА) - Поддршката на компаниите за инвестиции ќе продолжи и за тоа не се намалени средствата во Буџетот, но јавните инвестиции и инвестициите во капитални инфраструктурни проекти се нужни за растот на економијата и мора да бидат продолжени и тоа ќе биде направено, посочи денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Јавните инвестиции, потенцира тој, се еден од клучните фактори за растот на економијата, а подобра инфраструктура е предуслов за економски развој.

- Со потпишувањето на договорот за изградба на коридорот 8 и 10 д со „Бехтел и Енка“, она што ќе го правиме и е градење подобра инфраструктура. Конечно ќе успееме да докажеме дека во Македонија може да се гради на начин кој досега не е виден. Во изминатите 30 години просечно во една година се изградени по пет километри автопат. Толкав бил капацитетот на нашата држава. Сега ќе докажеме и гарантираме дека ќе се изградат над 23 километри автопат годишно за нашите граѓани и стопанството да имаат подобри услови и да имаат подобра поврзаност, рече Битиќи во одговор на прашање на паузата на конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на регионална соработка“ што денеска се одржува во Скопје. вј/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан