• среда, 25 декември 2024

Битиќи од Чаир: СДСМ е единствената политичка опција која покажа дека се грижи за сите граѓани

Битиќи од Чаир: СДСМ е единствената политичка опција која покажа дека се грижи за сите граѓани
Скопје, 26 август 2021 
Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи присуствуваше на маалска средба заедно со жителите на општина Чаир.
„Како одговорна партија на сите средби со граѓаните ги почитуваме протоколите за заштита од коронавирусот. Сега се наоѓаме во деликатна фаза со мутацијата на вирусот КОВИД 19. Масовната имунизација е најсигурниот начин за да ставиме крај на пандемијата со коронавирусот, да го зачуваме јавното здравје но и да помогнеме на здравствениот систем и на здравствените работници, кои година и пол се на првата борбена линија штитејќи го нашето здравје”- истакна Битиќи пред присутните. Воедно тој ги повика граѓаните да се вакцинираат и на тој начин да ја покажеме одговорноста кон сопственото но и јавното здравје.
СДСМ и понатака останува доследна на принципот на креирање на политики и решенија за граѓаните, заедно со граѓаните. Денес тука можеме да напаравиме краток осврт на она што досега го реализираме но и да ги утврдиме вашите приоритети за она што во следниот мандат треба да го сработиме, посочи Битиќи и во продолжение наброја дел од реализираните проекти за оваа општина.
Владата предводена од СДСМ обезбеди 690.000,00 евра за општина Чаир од грантот од Светската банка за поврзување на локалната патна мрежа со кој се реконструираа или пак во тек се реконструкции на повеќе улици. Грижата за најмладите ја покажуваме преку изградба на нова градинка во Чаир со капацитет за 350 дечиња како и со реконструкција и унапредување на условите во повеќе училишта во општина Чаир. Го правиме најдоброто за нашите деца. Ќе ги надоврзам и инвестициите во комуналната инфраструктура преку реконструкција на постојни водоводи и канализации во повеќе улици. Верувам дека ова ќе бидат последните 4 години во кои ќе зборуваме за водоводи и канализации, наместо тоа ќе зборуваме за иднина, за иновации за развој и просперитет. Тука во Чаир можеме да говориме и за вложување во сферата на културата преку инвестиции кој ги наменивме за Турскиот театар, реконструкција и осветлување на Чифте Амам, опремување на Националната галерија на Република Северна Македонија како и за реновирање на Албанскиот театар.
Граѓаните добро го препознаваат и прават разлика помеѓу концептот кој е отворен, прогресивен и е за развој и напредок наспроти деструкција, блокади, лажни вести, концепт кој нуди напредок и богатење на поединци на сметка на граѓаните и уназадување на општеството и државата.  Затоа на 17 октомври ќе победат СДСМ и граѓаните со концептот кој го нуди најдоброто за секоја општина.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан