• четврток, 19 декември 2024

Битиќи: Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот

Битиќи: Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот работен состанок со директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Јасмина Лескаровска, на кој присуствуваа и Ана Ѓорѓиевска, член на Советот на Агенцијата, Аркан Керим, претседател на Советот на Агенцијата и Роберт Блажевски од Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ).

На состанокот, информираат од владината прес-служба, стана збор за трендовите на развој на туризмот во земјава, за што беше истакнато дека зборуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика, според кои минатата 2023 година имаме раст на бројот на туристи за 20,6 отсто во однос на 2022 година. Заеднички беше оценето дека овој тренд позитивно се одразува на целокупната економија, но и дека постојат се уште неискористени потенцијали за негов дополнителен развој.

- Северна Македонија во делот на туризмот има многу што да понуди, од природни убавини до културни различности, се тоа претставува цврста основа за негов понатамошен позитивен развој. Приходите кои се остваруваат преку оваа дејност не само што директно им користат на бизнисите во туристичкиот сектор, туку го стимулира и растот на други индустрии, како што е земјоделството, малопродажбата и градежништвото, рече вицепремиерот Битиќи на средбата.вј/лв/

Фото: Влада

Остани поврзан