• петок, 08 ноември 2024

Битиќи: Законскиот раст на минималната плата е најголемата победа на работникот во последните години

Битиќи: Законскиот раст на минималната плата е најголемата победа на работникот во последните години

Скопје, 20 март 2023 

Ова е прва година кога за висината на минимална плата не се преговара, нема преговори и уцени, туку таа е дефинирана согласно закон и методологија донесени минатата година и од сега согласно закон минималната плата ќе расте секоја година и тоа е најголема победа на македонскиот работник, порача потпретседателот на СДС, Фатмир Битиќи во интервју за ТВ Стар од Штип.

Битиќи посочи дека Владата предводена од СДСМ во изминатите години успеала да го удвои животниот стандард на граѓаните.

„Во 2012 година биле потребни 3,9 минимални плати за една потрошувачка кошничка, во 2013 година биле потребни четири плати, во 2019 година доаѓаме до ситуација кога тоа се намалува на 2,2 минимални плати, за сега во 2023 да имаме фактичка состојба кога се потребни 2,1 минимална плата, а јас верувам дека следната година, со ваков раст на минималната плата, тоа ќе го задржиме на две или ќе го спуштиме под две минимални плати потребни за една потрошувачка кошничка“ порача Битиќи.

Во однос на мерките за амортизирање на растот на цените, потпретседателот Битиќи посочи дека замрзнувањето на цените на основните продукти е во интерес на граѓаните, но тоа никако не носи штета на компаниите, додавајќи дека Владата предводена од СДСМ усепала успешно да се справи со последиците од енергетската и економската криза иако на почетокот постоел голем скептицизам.

„На почетокот на кризата имаше две страни, две гледишта, едната е нашата дека ситуацијата е сериозна и аларманта и дека сите институции и чинители мора разумно да се однесуваат, преку штедење на енергенси, но и дека ЕСМ дека мора да ги стваи сите капацитети на располагање за да произведе што повеќе електрична енергија и секако имаше и втора страна, кога опозицијата велеше дека цената на струјата ќе се зголеми за 200 осто, дека ќе се случи колапс на енергетскиот сектор, што на крајот не се случи. Напротив, ние преку субвецнионирање на цената на електрична енергија за околу 80 отсто не дозволивме ценовни шокови за граѓаните, а со воведувањето на нова методологија за тарифирње по блокови, 97 отсто од населението кои се корисници на првиот и вториот блок тарифи денеска не добиваат повисока цена на струјата“ порача Битиќи.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

____________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан