• вторник, 12 ноември 2024

Битиќи: Досега се завршени 56 проекти од ТАВ-програмата, тековно се работи на 25

Битиќи: Досега се завршени 56 проекти од ТАВ-програмата, тековно се работи на 25

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Започнатите проекти од ТАВ-програмата имаат 70-отстотна реализација која се одвива успешно и според предвидената динамика, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-До денеска се завршени 56 проекти во 56 општини низ државата, а тековно се работи на 25 проекти, изјави Битиќи по состанокот со директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак, во Владата на кој тема на разговор беше преглед на динамиката на реализацијата на инфраструктурните проекти кои се реализираат преку ТАВ-програмата.

Нагласи дека само по последниот пресек што се правеше пред шест месеци има реализација на дополнителни 20 проекти.

-Со овие проекти се реализираат низа значајни објекти за општините. За нив аплицираа самите општини што значи дека се нивна потреба, а ќе влијаат на квалитетот на животот, средени населби, здрава животна средина и подобар живот на граѓаните низ целата држава, посочи Битиќи.

Директорот на ТАВ Македонија, Батак нагласи дека вкупниот износ на инвестициите на ТАВ за владините проекти е  49,7 милиони евра, а реализацијата на проектите се одвива според предвидената динамика.

-Драго мие што имаме можност да додадеме вредност за доброто на македонските граѓани финансирајќи ги овие инфраструктурни проекти заедно со Владата и локалните власти покрај нашата основна вредност – аеродромското работење. Заедно со Владата и локалната самоуправа континуирано работиме со цел да придонесеме за развој на локалната инфраструктура, рече Батак и додаде дека во моментов се завршени 56 проекти од ТАВ-програмата.вј/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан