• четврток, 26 декември 2024

Битиќи: Граѓаните не добиваат ништо од промоцијата на инвестицијата во ветерниот парк 

Битиќи: Граѓаните не добиваат ништо од промоцијата на инвестицијата во ветерниот парк 

Скопје, 27 јуни 2024


„Вистината е дека ниту се почнати ниту се завршени преговорите, ова е најава на инвестиција, која сè уште  институционално ќе треба да се води, да се одговори на сите отворени прашања.“, рече пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Вин-Вин“, на телевизија Телма, коментирајќи ја инвестицијата на „Алказар енерџи“ која ја најави премиерот Христијан Мицкоски.

 

Битиќи нагласи дека инвестицискиот фонд не е вистинскиот инвеститор, јавноста допрва треба да дознае кој стои позади него. 


„Фондот прибира средства, нема гаранција дека ќе обезбедат финансиски средства до крај на 2025 година за да го почнат проектот, кој ќе почне тек некаде во 2026 година. Знаејќи колку време одзема изградба на ветерни паркови мојата проекција е дека во 2030 ќе има завршеток на овој проект“, рече Битиќи и појасни дека не треба да се прави политички маркетинг затоа што граѓанинот не добива ништо од самата промоција.


Зборувајќи за пристапот на претходната Влада предводена од СДСМ кон странските инвестиции, Битиќи истакна дека ништо не се објавуваше во јавноста пред да биде извесно и институционално завршено. 


„Има многу низа на шпекулација околу кои се Алказар енерџи, дали позади стои кинеската  државна компанија за енергетика, дали е некој друг тоа не можеме да го знаеме. Кога ќе кажете дека државата треба да ја направиме од увозник во  извозник и дека оваа инвестиција ќе донесе 100 милиони евра во БДП, што тоа значи за граѓанинот, дали целата енергијата која ќе биде одземена на граѓаните, ветерот, природните ресурси, ќе биде извезена некаде. Дали тоа не е контрадикторно со тоа што го стремиме, а тоа е потрошувачката на граѓаните да се задоволи со домашното производство“, рече Битиќи и посочи дека не може да се препознае како е заштитен јавниот интерес.


Пратеникот Битќи истакна дека станува збор за суштинска разлика во пристапот кон странските инвестиции, кога Владата од СДСМ преговараше со стратешки инвеститори, секогаш се обидуваше да гарантира заштита на јавниот интерес, нешто што не е се случува сега.


 Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан