• вторник, 24 декември 2024

Битиќи во Тревизо: Соработката на локално ниво ќе носи бенефит за двете земји

Битиќи во Тревизо: Соработката на локално ниво ќе носи бенефит за двете земји
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, кој престојува во посета на Италија, присуствуваше на бизнис форум во Тревизо, каде порача дека соработката на локално ниво носи бенефит за двете држави. Битиќи посочи дека локалните самоуправи треба да соработуваат во поврзувањето на компаниите и да креираат можности за развиените италијански компании да донесат дел од своите производи во  Северна Македонија. Осврнувајќи се на фактот дека Северна Македонија нуди еден од најповолните пакети за поддршка на инвестициите во Југоисточна Европа, вицепремиерот ги посочи меѓу поволностите поддршката на инвестициите во преработувачкиот сектор до ниво на 50 проценти од вкупните инвестиции, можностите за ослободување на данок на доход и данок на добивка за период од 10 години и поддршката за нови вработувања со грантови до 4.400 евра по вработен. - Мојот кабинет е постојано отворен за соработка и помош при процесот на инвестирање.  Длабоко сум уверен дека преку вакви иницијативи на локално ниво ќе ја продлабочиме нашата севкупна соработка, подвлече Битиќи. Вицепремиерот истакна дека Северна Македонија е фокусирана на рамномерниот регионален развој на сите осум плански региони преку стимулативни мерки во сите области, особено на полето на инвестициите каде што инвестирањето во помалку развиените региони или општини значи поголема финансиска поддршка за компаниите, дури и до 60 проценти повеќе отколку во најразвијниот регион. На форумот во Тревизо се обратија и министерот во Владата задолжен за дијаспора Џемаил Чупи и  претседателот на Италијанско-македонската стопанска комора „Апи Нордест“ Мунир Шемши. бак/сп/

Остани поврзан