• четврток, 19 декември 2024

Битиќи - Бартон: Одличните политички односи цврста основа за продлабочување на економската соработка меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Битиќи - Бартон: Одличните политички односи цврста основа за продлабочување на економската соработка меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Одличните политички односи помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка, како и за градење нови деловни релации помеѓу бизнис заедниците помеѓу двете земји, оцениле на денешната средба вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон.

Како што соопшти денеска владината прес-служба, вицепремиерот Битиќи го информирал комесарот Бартон за економските приоритети на Влада, притоа истакнувајќи дека истите може да бидат искористени за создавање на нови можности за понатамошно унапредување и развој на традиционално добрата економска соработка помеѓу двете земји.

На средбата присуствувале и претставници на амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. дма/ев/

Фото: Влада на РСМ

Остани поврзан