• четврток, 26 декември 2024

Бислимоски: Да се поедностави регулативата за поставување батерии

Бислимоски: Да се поедностави регулативата за поставување батерии
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Во следниот период треба да продолжиме со инвестициите во фотоволтаци, но треба да се насочиме и кон инвестиции во батерии и да се работи на поедноставување на регулативата за поставување батерии, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на 14. бизнис форум „Енергетската сегашност и иднина”, што се одржа вечерва во организација на Ротари клубот Скопје - Центар.-Сите инвестиции се насочени кон обновливи извори на енергија и тоа треба да продолжи, но ни треба базна енергија. Во моментив базната енергија ја обезбедуваме од термоелктраните од јаглен и треба да сме реални за нивниот животен век затоа што не може да очекуваме од пензионери да трчаат маратон - тоа е невозможно. И никој нема да ни даде финансии да инвестираме во нови термоелектрани, но она што треба да го направиме е да го обезбедиме природниот гас за производство на електрична енергија и таа треба да ни биде базна енергија, укажа Бислимоски.Како што истакна, поради енормните цени на берза на струјата и природниот гас - енергетиката стана тема и сега е одлична шанса за сите да ја насочат енергијата и да се инвестира во она што не се инвестирало 30 години.-Без енергетика нема економија, без економија нема држава. Кога зборувам за енергетиката во последните 30 години, приватниот сектор за разлика од државата повеќе инвестираше. Од средината на мината година кога екстремно се зголемија цените на струја и гасот енергетиката стана главна тема, а до тогаш сите проблеми беа ставени под тепих. Сите инвестици кои се најавуваат ќе се реализираат и ќе придонесат за зголемување на енергетската независност што е одлично. Но, на граѓаните им треба струја сега.Сведоци бевме во минатото на евтин популизам - за ценовна стабилност и отсуство на инвестиции. Денеска е дојдено време кога сите тие неинвестиции ќе се платат. Да се инвестирало во последните 30 години од увозно зависни ќе станавме извозници, рече Бислимоски.лв/

Остани поврзан