• среда, 27 ноември 2024

Бислимовски: Вообичеан е почетокот на грејната сеозна, парно мора да има

Бислимовски: Вообичеан е почетокот на грејната сеозна, парно мора да има
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски смета дека грејната сеозна почна вообичаено. Тој вечерва уште еднаш порача дека парно во Скопје мора да има, како и дека на граѓаните мора да им се обезбеди греење под пропишаните услови. Во гостувањето на ТВ Сител, Бислимовски потсети дека ако надворешната температура во 18 часот е еднаква или под 15 степени според УХМР, ќе почне греењето во преостанатиот дел од денот. Такви се правилата, потенцира, не се променети и тоа мора да се реализира. -Имаме вообичеан почеток на грејната сеозна. Таа е во рамки на нешто што било очекувано во изминатиот период, а како ќе продолжи - немаме друга опција, мора да продолжи успешно. Да, проблеми има и тие не треба да се кријат. Проблеми има во вантрешната инсталација, во потстаниците. Секогаш грејната сеозна почнувала со голем број поплаки од граѓаните, пред се на ситуацијата со потстаниците. Но, парно во Скопје мора да има, мора да им се обезбеди греење на граѓаните под услови кои се пропишани, а тоа е 21 степен целзиусов, истакна претседателот на РКЕ. Според него, се успеа да се направи се што можеше во овие кратки рокови за да почне грејната сезона на 15 октомври. Бислимовски информира и дека ќе му се помогне на Скопје Север преку ЕСМ, со потпишување договор за деловно-техничка соработка. Семејствата од Чаир и Бутел, рече, нема да останат без парно. -ЕСМ е подготвена да потпише договор за деловно-техничка соработка со Скопје Север. Апсолутно граѓаните од тој дел од Скопје треба да добијат парно греење, никој не прави проблем. Ќе му се помогне на Скопје Север, имајќи предвид дека е во стечај и во тешка финансиска ситуација. Но, многу е битно и оваа мрежа да се поврзе на целосната градска мрежа. Фалат два километра и има сериозни имотно-правни проблеми кои не се решени во делот на Скопје Север. Нема никаков проблем ЕСМ да ги покрие трошоците за природен гас во Скопје Север кои би изнесувале околу еден милион евра за цела грејна сезона, подвлече Бислимовски. мч/дма/    

Остани поврзан