• среда, 27 ноември 2024

Бислимовски: Августовските сметки на БЕГ се сторнирани, граѓаните ќе добијат нови

Бислимовски: Августовските сметки на БЕГ се сторнирани, граѓаните ќе добијат нови
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) – Граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни, сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови корегирани сметки за месец август, изјави попладнево претседателот на  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. - Оние кои веќе ги  имаат платено августовските повисоки сметки, сумата ќе има биде намалена соодветно за повисоката уплатена сума во следните сметки. А во тек на месецов останатите ќе добијат нови коригирани сметки за месец август, рече Бислимоски. БЕГ на карјот на август достави сметки за парно до скопјани кои беа повисоки за околу 40 проценти. Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија, како што образложи Бислимовски, е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје.са/дма/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан