• среда, 27 ноември 2024

БиоНтек: Вакцината Фајзер/БиоНтек најверојатно штити од новите видови Ковид-19

БиоНтек: Вакцината Фајзер/БиоНтек најверојатно штити од новите видови Ковид-19
Берлин, 20 јануари 2021 (МИА) - Вакцината против Ковид-19 што ја развија Фајзер и БиоНтек најверојатно штити од позаразниот вид на вирусот откриен во Велика Британија, што се рашири ширум светот, покажуваат резултатите од најновите лабораториски тестови на германската компанија. Анализите на БиоНтек се извршени преку крвта на учесниците во новото испитување спроведено на синтетички вирус со 10 мутации, карактеристичнио за варијантата позната како „Б117“. Фајзер минатата недела соопшти дека слична лабораториска студија покажала дека вакцината е ефикасна против една од клучните мутации, наречена „N501Y“, што се откриени во Велика Британија и во Јужна Африка. ми/    

Остани поврзан