• петок, 20 декември 2024

Биното: Ферари нема причина да размисли за рано престанување на соработката со Фетел

Биното: Ферари нема причина да размисли за рано престанување на соработката со Фетел
Маранело, 14 август 2020 (МИА) - Шефот на Ферари, Матија Биното изјави дека тимот не ја разгледува можноста за предвремено прекинување на соработката со Себастијан Фетел во текот на тековната сезона. - Немаме причина за ова. Себастијан е талентиран тркач, го знаеме неговиот потенцијал. Не постои нетрпеливост помеѓу него и остатокот од тимот. Тој е дел од семејството. Двете страни се однесуваат соодветно. Ние се однесуваме едни со други со почит, тимот го поддржува Себастијан. Немаме причина да размислиме за таква промена, изјави Биното. Пред оваа трка, ја заменивме шасијата на Себастијан поради мала пукнатина. Сепак, не мислам дека на последните трки Себастијан имаше проблеми заради шасијата. Но, барем се погриживме за ова прашање и сега тој се чувствува посмирен. За нас е важно да му обезбедиме максимална поддршка. Го познаваме Фетел како многу талентиран и брз тркач, светски шампион. Затоа, не се сомневаме во него, додаде Биното. По првите пет трки оваа сезона во Формула 1, Фетел нема ниту еден пласман на подиумот и е далеку од најдобрите. Следната шанса за подобрување на пласманот Германецот ќе ја има в недела на шпанското Гран при. зс/

Остани поврзан