Биното: Болидите на Фетел и Леклерк се апсолутно идентични, очекуваме повеќе од Себастијан
- Шефот на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното уверува дека болидите на Шарл Леклер и Себастијан Фетел се апсолутно идентични.
![Биното: Болидите на Фетел и Леклерк се апсолутно идентични, очекуваме повеќе од Себастијан](https://new.mia.mk/index.php/images/20221104232027_big_730x400_82.webp )
Портимао, 25 октомври 2020 (МИА) - Шефот на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното уверува дека болидите на Шарл Леклер и Себастијан Фетел се апсолутно идентични.
- Машините се апсолутно идентични. Не може да има сомнеж во тоа. Се надевам дека тој (Фетел) во Имола ќе може да се претстави подобро во квалификациите и да дојде до повисоки позиции со цел подобро да го реализира несомнениот потенцијал на болидот.