• петок, 27 декември 2024

Бимилк и УСАИД со заеднички проект за модернизација на мали и средни фарми

Бимилк и УСАИД со заеднички проект за модернизација на мали и средни фарми
Битола, 15 септември 2022 (МИА) - Во Северна Македонија пристигна најавениот робот за молзење и е доставен кај корисникот, фармата „Пивко“, долгогодишен кооперант на Битолска млекара. Од Бимилк информираат дека инвестицијата претставува заеднички проект на Бимилк и УСАИД чија цел е модернизација и унапредување на малите и средните фарми во Македонија. - Употребата на овој современ метод за измолзување крави значително ќе ја зголеми продуктивноста и ќе придонесе за унапредување на процесот на млекопроизводството. Зголемувањето на примарното млекопроизводството и на продуктивноста на кравите е решението за одржливоста на млечната индустрија и за зголемување на домашното производство. Тоа е клучот за намалување на трговскиот дефицит во млечната индустрија каде уште од пред десетина години вредноста на увозот повеќе од двојно ја надминува вредноста на извозот, соопштија од Млекара АД Битола. Фармата „Пивко“ е во водечките 10 фарми според производство на млеко, а една од најдобрите според инфраструктурата и организираноста и прва каде ќе се користи овој робот. Моделот  Fullwood M2erlin од Milkomax Solutions laitières е често применет и веќе докажан дека преку автоматизираните процеси придонесува за зголемување на продуктивноста на кравите и добивање поквалитетно млеко. Роботот за измолзување е обезбеден во партнерство со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, со кој Битолската млекара неколку години по ред, преку билатерални меморандуми за соработка, дава поддршка за семејни фарми со развоен потенцијал. мт/дма/

Тагови

Остани поврзан