• вторник, 30 јули 2024

Бил со најдобар резултат во последните 50 години во НБА лигата

Бил со најдобар резултат во последните 50 години во НБА лигата
Мајами, 4 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Вашингтон, Бредли Бил, ноќеска на натпреварот со Мајами постигна 32 поена и беше најзаслужниот за триумфот на неговиот тим со 103:100. Бил има постигнато најмалку 25 поени на сите 17 натпревари од почетокот на сезоната 2020/21. Тој го надмина достигнувањето на легендарниот Мајкл Џордан кој беше во таква серија 16 натпревари во сезоната 1988/89. Низата на Бил е најдобрата во НБА во последните 50 години и петта во историјата на лигата. Рекордот му припаѓа на Вилт Чембрлен - во сезоната 1961/62, тој одигра 80 натпревари од почетокот на шампионатот со 25 или повеќе поени. За разлика од Бил, Вашингтон визардс нема така успешен почеток на сезоната. Со биланс од пет победи и 13 порази се наоѓа на претпоследното, 14. место во Источната конференција. зс/

Тагови

Остани поврзан