• вторник, 24 декември 2024

Били Ајлиш - најмладата личност која освоила два „Оскара“

Били Ајлиш - најмладата личност која освоила два „Оскара“

Лос Анџелес, 11 март 2024 (МИА) - Американската поп-пејачка Били Ајлиш на свои 22 години стана најмладата личност со два освоени „Оскари“, и тоа за најдобра филмска песна, откако на синоќешното доделување го доби признанието за нумерата од филмот „Барби“.

Ајлиш го дели одличјето со својот брат Финес О'Конел (26), кој со тоа стана втората најмлада личност која двапати ја добила оваа престижна награда. На тој начин и двајцата го надминаа рекордот на Луиз Рајнер, која во 1936., на 26-годишна возраст освои „Оскар“ за најдобра женска улога, а истата награда ја освои и следната 1937 година.

Били Ајлиш и Финес оваа година освоија Оскар за песната „What Was I Made For?“. А пак, првиот „Оскар“ го добија во 2020 година за песната „No Time to Die“ од филмот за Џејмс Бонд. си/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан