• среда, 18 декември 2024

Билатерални средби на Тупанчески во рамките на Регионалната конференција во Шибеник

Билатерални средби на Тупанчески во рамките на Регионалната конференција во Шибеник

Скопје, 24 мај 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески оствари повеќе билатерални средби во рамките на Регионалната конференција  „Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки” која се одржува во Шибеник, Република Хрватска.

Како што соопшти Министерството за правда, Тупанчески остварил средба со Валтер Кемп, директор на Канцеларијата на Глобална иницијатива во Виена, задолжен за Западен Балкан и со амбасадорот Угљеша Звекиќ, задолжен за развивање на проекти од обаста на антикорупцијата.

На средбата, како што е наведено во соопштението, било заклучено да се развие натамошниот дијалог меѓу владите на земјите од ЈИЕ и граѓанското општество, потенцирајќи ја притоа важноста од градење на културен дијалог кој е нераскинлив дел од културата на идентитет. 

Министерот Тупанчески се сретнал и со неговиот колега од БиХ,Јосип Грубеша. На средбата двајцата министри ја нагласиле досегашната соработка како значајна основа за проширување и подобрување на рамката на истата меѓу двете земји преку активности на размена на искуства и најдобри пракси во повеќе области од надлежност на министерствата, а особено во делот на подготовката на националните стратешки документи и обезбедувањето имплементација на активностите предвидени со реформските процеси со правосудствата на РСМ и БиХ.

-Регионалната конференција беше искористена и за одржување билатерална средба меѓу министерот за правда Никола Тупачески и шефот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Десислава Готскова. На средбата беше дискутирано за можностите за обезбедување на институционална поддршка на земјите кои се дел од РАИ, но и аспектите со кои е опфатена соработката, ангажманот и придонесот на РСМ во РАИ имајќи го предвид значењето од одржување и зајакнување на регионалниот пристап во реализација на мерките и активностите за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и афирмирање на интегритетот во правосудствата на земјите од Западен Балкан кои се членки на РАИ, се наведува во соопштението од Министерството за правда. дма/нд/

 

Остани поврзан