• среда, 04 декември 2024

Билатерални средби на министерот Османи со Корчок и Хмелар

Билатерални средби на министерот Османи со Корчок и Хмелар
Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) - Руската инвазија на Украина ја наруши стабилноста и безбедноста на Европа, предизвика енергетска криза и инфлација и ги постави новите предизвици кои несомнено бараат заедничко делување и солидарност, како во рамки на Европската Унија, така и во рамки на Алијансата, оценија министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот словачки колега Иван Корчок и  заменик министерот за надворешни работи на Република Чешка, Алеш Хмелар на одделните средби што се одржаа на маргините на Преспа Форум Дијалогот во Охрид. На средбите, информираат од МНР, беше констатирано задоволство од исклучително интензивните и пријателски односи кои се рефлектираат со динамичен политички дијалог, солидна економска соработка и развиена секторска соработка. Чешка и Словачка се наши важни партнерски и пријателски земји, кои беа и остануваат силни поддржувачи за реализација на надворешно политичките приоритети на Северна Македонија. Во светло на актуелното француско и идното чешко претседателство со ЕУ, беа разменети мислења околу перспективите за деблокада на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и Албанија, текот на дијалогот со Бугарија и можните сценарија и за ургентната потреба Унијата геостратешки да делува во нашиот Регион. Воедно, беа презентирани и  нашите очекувања за ангажман на идниот претседавач Чешка, од аспект на засилена  европска интеграција на земјите од Западен Балкан.вј/лв/  

Остани поврзан