• недела, 24 ноември 2024

Бизнисмени од Неготино незадоволни од бавна постапка за пренамена на земјоделско во градежно земјиште 

Бизнисмени од Неготино незадоволни од бавна постапка за пренамена на земјоделско во градежно земјиште 
Неготино, 21 април 2023 (МИА) -  Бизнисмени од Неготино се незадоволни од бавна постапка за пренамена на земјоделско во градежно земјиште, на локално ниво. Во изјава за МИА, поединци од нив велат дека постапката поминала на државно ниво и дека сега, како што додаваат, заглавила. Според нив, сето ова ги кочело во реализацијата на нивните инвестиции во Г 8 зоната во градот.  Велат дека ќе протестираат пред општинската зграда, доколку не му се пристапи посериозно на овој проблем.
 
Со цел објективно информирање на јавноста, МИА се обрати за став во врска со ова и до неготинската локална самоуправа.  
 
Во писмениот одговор се вели дека постапката за пренамена од земјоделско во градежно земјиште, е постапка пропишана согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20) и согласно  кој, земјиште во плански опфат на урбанистичкиот план, добива статус на градежно земјиште со донесувањето на планот. 
 
Понатаму се додава дека започнувањето на постапка за урбанизација, започнува со поднесување иницијатива од заинтересираните физички и правни лица, граѓани, здруженија, организации, институции и органи на државна управа, за изработка на нов, односно изменување и дополнување на постоен урбанистички план, до општината како и до органот на државната управа, надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот. 
 
Во одговорот се нагласува дека изработувањето на било каква планска документација согласно Законот за урбанистичко планирање, подразбира долга и сложена постапка. Во неа, се појаснува, се вклучени различни органи и тела надлежни за водење на постапката, за изработување и донесување на урбанистички планови и тоа од поднесување и прифаќање на иницијатива, прибавување на услови за планирање на просторот, одобрување на планска/проектна програма од надлежен орган во зависност од видот на планска документација што се донесува, мислење од државните органи, институции, установи и правни лица со јавни овластувања, стручна ревизија, организирање на јавни презентација и јавна анкета, стручна расправа и јавна презентација со јавна расправа и  итн.,  а е пропишано и е во согласност со Законот за урбанистичко планирање и Правилникот за урбанистичко планирање  (Сл. Весник на РСМ 225/20, 215/21 и 104/22). 
 
- Со овој закон се уредува системската и хиерархиската уредност на урбанистичкото планирање во системот  на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на урбанистичкото планирање и уредување на просторот, видовите и содржината на урбанистичкото планирање, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање, постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистички планови, надзор над спроведување на одредбите од овој закон како и други работи од областа на урбанистичкото планирање, пишува во одговорот од Општината. свд/
 
Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан