• вторник, 12 ноември 2024

Биелса: Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот

Биелса: Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот
Лидс, 3 октомври 2020 (МИА) - Еден од најголемите ексцентрици во фудбалот, Марсело Биелса, изјави дека Пеп Гвардиола му нанел голема штета на фудбалот поради системот што го користи. Двајцата се добри пријатели, а каталонскиот стручњак во повеќе наврати изјави дека научил многу од Аргентинецот. Денес ќе дојде до судир меѓу двајцата на ниво на Премиер лигата, откако Лидс е домаќин на Манчестер Сити. - Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот затоа што ненамерно измисли систем за одбрана на својот тим. Неговите екипи секогаш го започнуваат дефанзивниот дел од играта со висок притисок, што го заморува противникот. Еден е Клоп, еден е Гвардиола, а јас сум сосема поинаков. Тие не можат да се сметаат за еднакви или да се споредуваат, изјави Биелса за „ДАЗН“. Аргентинскиот тренер зборуваше и за својата кариера. Биелса именуваше три екипи кои никогаш нема да ги заборави. - Ништо не може да го замени чувството да се биде тренер во Њуелс Олд Бојс. Но, кога зборуваме за Европа, Марсеј и Атлетик Билбао се два уникатни тима, а градовите мирисаат на фудбал. Луѓето живеат за своите тимови, рече тој.

Тагови

Остани поврзан