• сабота, 23 ноември 2024

БИДИ АКТИВЕН! Отворена Европската недела на спортот

БИДИ АКТИВЕН! Отворена Европската недела на спортот

Скопје, 24 септември 2024

Со бројни спортски активности за сите возрасти, вчера во Градскиот парк во Скопје беше отворена Европската недела на спортот (EWoS). Министерството за спорт го спроведува овој проект финансиран од Европската Унија во кој фокусот е обезбедување можности за сите да бидат активни преку спортско-рекреативни активности и настани.

На вчерашното отворање на Европската недела на спортот присутните во Градски парк активно учествуваа и се забавуваа во различни рекреативни активности, спортски предизвици и интерактивни работилници кои промовираат фитнес и активен начин на живот.

Во забавните игри и во натпреварите посебно уживаа најмладите посетители кои активно беа вклучени во повеќе активности.

Проектот EWoS IMPACT (вклучување, движење, физичко образование, аспирација, заедници и тимска работа), обезбедува можности за сите да ги подобрат своите психофизички способности, како и социјалната комуникација и соработка и да практикуваат физичка активност и спорт.

Во преткампањата на Европската недела на спортот беа вклучени 65 средни училишта во 32 општини во Македонија, со цел да се поттикнат рекреативни активности и на локално ниво.

 

Министерство за спорт 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан