• среда, 25 декември 2024

Би-Би-Си: Шок и тага пред Бакингемската палата

Би-Би-Си: Шок и тага пред Бакингемската палата
Лондон, 8 септември 2022 (МИА) -  Море од луѓе стои пред Бакингемската палата по веста за смртта на кралицата Елизабета Втора, јави Би-Би-Си. Шила Де Белаг е целосно шокирана. 77-годишната жена од Лондон вели: „Се чувствувам многу тажно бидејќи сите се тука. Не знаев додека само не го видов знамето на половина копје“, пренесува Би-Би-Си. Опишувајќи ја кралицата со еден збор, таа вели: „Столб! Таа додава: „Таа беше прекрасна кралица и многу ќе нѝ недостига“. Мајкл Хамонд, исто така, дознал за веста кога видел дека знамето е спуштено на половина копје. 23-годишникот од Саутемптон вели: „Апсолутно сум скршен. Мислам дека таа го отелотворува британскиот дух“. ссм/

Остани поврзан