• четврток, 26 декември 2024

Би-Би-Си: Трамп му понудил „пријателски превоз“ на Ким Џонг-ун од Ханој до дома

Би-Би-Си: Трамп му понудил „пријателски превоз“ на Ким Џонг-ун од Ханој до дома
Лос Анџелес, 22 февруари 2021 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му предложил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се врати во Пјонгјанг од самитот во Ханој во 2019 година со американскиот претседателски авион. Како што се наведува во документарецот на Би-Би-Си „Трамп го зазема светот“, понудата на поранешниот американски претседател, доколку Ким прифател, ќе била „изненадување дури и за најискусните дипломати“. Ким пристигнал во Ханој по повеќедневно патување со воз низ Кина, а Трамп потоа рекол: „Може да те однесам дома за два часа, ако сакаш“. Доколку севернокорејскиот лидер ја прифател понудата, неговото присуство и, многу веројатно, постапките на неговата придружба во авионот на американскиот претседател, но во воздушниот простор на Северна Кореја, ќе покренеа многу безбедносни проблеми. Трамп и Ким се сретнаа двапати - првпат на историскиот самит во јуни 2018 година во Сингапур. Сепак, преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја не напредуваа и, дури се во застој од следниот неуспешен самит во февруари 2019 година во Ханој. Севернокорејските државни медиуми, инаку, не ја коментираа инаугурацијата на новиот американски претседател Џозеф Бајден.  си/сд/

Остани поврзан