• среда, 25 декември 2024

Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс

Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс

Лондон, 5 јули 2024 (МИА)  - Се очекува британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија претрпе пораз од лабуристите на вчерашните избори, во следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс, јави Би-Би-Си.

Сунак денеска се враќа во Лондон, каде наскоро ќе треба да се сретне со кралот Чарлс, откако вчера успеа да го задржи своето парламентарно место во Јоркшир.

 По оставката на Сунак, се очекува кралот Чарлс официјално да побара од лидерот на лабуристите Кир Стармер да формира влада.

Во согласност со традицијата, се очекува Сунак многу брзо да го напушти Даунинг стрит 10, за разлика од другите западни земји каде трансферот на власта се изведува побавно, додава Би-Би-Си.

Лабуристите на вчерашните општи избори во Велика Британија освоија 410 од вкупно 650 места во Долниот дом на параламентот, покажаа излезните анкети, со што заврши 14-годишното владеење на конзервативците. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан