• среда, 25 декември 2024

Би-Би-Си објави рекордни продажби на ТВ и стриминг содржини 

Би-Би-Си објави рекордни продажби на ТВ и стриминг содржини 

Вашингтон 16 септември 2020 (МИА) - Компанијата BBC Studios, подружница за продукција на комерцијални содржини на британската корпорација Би-Би-Си, во извештајот за фискалната 2019-2020 година, соопшти дека имала рекордна продажба на контент, вклучително и благодарејќи на зделките со американскиот стриминг сервис „Ејч-Би-Оу Макс“, германската ТВ компанија „Зи-Ди-Еф„ и руската „Јандекс“. 

Продажбите на BBC Studios пораснале за 17 отсто до рекордни 1.388 милијарди фунти. Резултатот според EBIТDА (нето профит) пораснал за 14 отсто до 181 милион фунти, се наведува во денешното соопштение на компанијата. Висината на инвестициите во контентот чии права ги има Би-Би-Си пак пораснале за 19 проценти.  

BBC Studios е најголемиот ангажиран креатор на контент во Велика Британија во 2019 година. кб/ сд/

Остани поврзан