• сабота, 23 ноември 2024

Бејрут: Либанци и Палестинци на протест поради планот на Трамп

Бејрут: Либанци и Палестинци на протест поради планот на Трамп
Бејрут, 2 февруари 2020 (МИА) - Стотици Либанци и Палестинци протестираа денеска во близина на американската амбасада во Либан поради планот на Белата куќа за решавање на израелско-палестинскиот конфликт. Учесниците на протестот извикуваа „Смрт за Америка! Ние ќе умреме, а Палестина ќе преживее“. Демонстрантите, носејќи палестински знамиња, се собраа на патот кој води кон зградата на американската амбасада во Бејрут, а било зајакнато и присуството на либанската војска и полиција. Тие ја отстраниле бодликавата жица и се приближиле до железната ограда, поставена од припадниците на безбедносните сили. Полицијата употреби солзавец за да ги растера некои од демонстрантите. Во Либан живеат десетици илјади палестински бегалци и нивните семејства. Во 12 бегалски кампови досега се одржани протести откако американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот го објави планот за Блискиот Исток. гт/

Остани поврзан