• вторник, 24 декември 2024

Бејл за поразот од Иран: Многу ни е тешко, ќе се бориме до крај

Бејл за поразот од Иран: Многу ни е тешко, ќе се бориме до крај
Ал Рајан, 25 ноември 2022 (МИА) – Најдобриот фудбалер на Велс, Герет Бејл е разочаран по денешниот пораз од Иран (0:2) во натпреварот од второто коло од групата Б на Светското првенство. - Нема друга опција освен да кажеме дека жалиме за овој пораз. Многу е тешко да се преболи ова. Во вториот дел иранските играчи не надмудрија. Мора да продолжиме да одиме напред, а не да ги спуштаме главите. Ќе биде многу тешко, знаеме, но мора да се бориме до крај и да се обидеме да ја поминеме групата, изјави Бејл. Иран е втор во групата Б со 3 бода, Велс е последен со 1 бод. Следниот натпревар Велшаните го играат на 29 ноември против Англија и само победа ги остава во игра за пласман во осминафиналето. зс/

Остани поврзан