• четврток, 26 декември 2024

Бечиќ: Не сум видел никаква верзија на Темелниот договор со СПЦ

Бечиќ: Не сум видел никаква верзија на Темелниот договор со СПЦ
Подгорица, 27 јануари 2022 (МИА) - Претседателот на црногорскиот парламент Алекса Бечиќ вели дека не видел никаква верзија на Темелниот договор со Српската православна црква. Тој додаде дека за него е прифатливо се што договорила владата со другата страна. Бечиќ тоа го рече одговарајќи на новинарски прашања во Собранието и додаде дека немал можност да ја прочита конечната верзија на Темелниот договор за кој премиерот Здравко Кривокапиќ во средата изјави дека е подготвен да го потпише. „Не сум гледал ниту една верзија на Темелниот договор. Останувам на она што го кажав претходно, тоа е во надлежност на извршната власт, владата“, рече Бечиќ. Како што наведе, за него е апсолутно прифатливо се што се согласува власта со другата страна.
Тој додаде дека на ист начин се однесувал и кога претходните извршни власти склучувале темелни договори со другите верски заедници. Запрашан дали знае дека тоа ќе биде на дневен ред на владината седница, Бечиќ рече дека во зависност од околностите со премиерот и министрите разменил мислења за се што „сега е одлика на општествено-политичката сцена“. На прашањето дали мисли дека е време да се потпише Темелниот договор со оглед на ситуацијата во земјата, Бечиќ рече дека е легалист. „Секогаш е време кога има договор меѓу двете страни“, рече Бечиќ, пренесе РТЦГ. паг/  

Остани поврзан