• петок, 27 декември 2024

Бетонирање на помали улици и улични краци во Гевгелија

Бетонирање на помали улици и улични краци во Гевгелија
Гевгелија, 20 април 2021 (МИА) - Во Гевгелија и во населените места продолжи акцијата за бетонирање на помали улици и краци што ја изведува локална градежна фирма избрана на тендер како најповолен понудувач, соопштија денеска од општина Гевгелија. -Изминативе денови се работеше на бетонирање крак од улицата „Белградска“ зад централната детска градинка, како и на уредување на тротоарот на улицата „Ѓорги Стамов“, веднаш спроти задниот влез на Општата болница, информираат од надлежната општинска служба. Посочуваат дека со овие зафати во тој дел од градот е подобрена патната инфраструктура, обезбедена е непречена урбанизација и олеснета е сообраќајната фреквенција. Во моментов се работи во кругот на Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, каде се планира отворање на нови патеки и пристапни патишта кои треба да го олеснат движењето на болничките возила при транспортот на пациентите. Сите акции се преземаат согласно годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локалната патна мрежа во општина Гевгелија. им/мд/

Остани поврзан