• среда, 21 јануари 2026

Бетонирани краци од две улици во Гевгелија

Бетонирани краци од две улици во Гевгелија
Гевгелија, 4 јуни 2020 (МИА) - Заврши бетонирањето на три улични краци во Гевгелија од кои два на улицата „Деко Ковачев“ и еден на улицата „Серменинска“. Краците беа на листата од Оперативниот план на општина Гевгелија за уредување на помали улици и краци со цел на граѓаните да им се обезбедат поквалитетни услови за живот. Градоначалникот Сашо Поцков најави дека следниот период акцијата ќе продолжи и во услови на пандемија затоа што не бара поголемо ангажирање на градежна механизација. - Со бетонираните краци двете гевгелиски улици денеска имаат нов изглед. Жителите на овие улици, кои гравитираат во западниот дел на градот во близина на новиот хотел „Блек пеинт“ добија уредена и соодветна патна инфраструктура што ја заслужуваат после толку чекање, рече Поцков напоменувајќи дека локалната самоуправа гради по план за поубава Гевгелија. им/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан