• сабота, 28 декември 2024

„Да подариме насмевка“ по шести пат на Детската клиника во Скопје

„Да подариме насмевка“ по шести пат на Детската клиника во Скопје

Скопје, 17 декември 2023 (МИА) - Под мотото „Да подариме насмевка“, по шести пат, тимот за одговор при катастрофи - тим за спасување на планина, во костимите на детските херои - Спајдермен, Бетмен, Мини и со помош на Дедо Мраз, денеска со јажиња ќе се спушти на Клиниката за детски болести во Скопје.

Станува збор за традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје, а организаторите најавуваат дека малите пациенти ќе добијат и новогодишни пакетчиња.

- Благодарност до Општинска организација на Црвен крст Центар за донираните пакетчиња и до „Анимација Бамбино“ за костимите и несебичниот ангажман околу овој проект, велат организаторите. бд/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан