• среда, 18 декември 2024

Бети Толевска нов извршен директор на невладината „КХАМ“ од Делчево

Бети Толевска нов извршен директор на невладината „КХАМ“ од Делчево
Делчево, 3 јануари 2021 (МИА) - Невладината организација „КХАМ“ од Делчeво одржа годишно собрание на кое за нов извршен директор ја избра Бети Толевска, која долги години е вработена во оваа невладина организација.
Во изјава за МИА, Толевска се заблагодари за укажаната доверба да ја врши функцијата извршен директор и информираше дека „КХАМ“ е во фаза на изработка на новата стратегија што ќе биде со важност до 2025 година.
- Тука се вградени сите сегменти на кои планираме да работиме во наредниот период. Содржи три значајни стратешки цели за имплементација, а тоа се Стратегијата за Роми, која е со важност до 2030 година, Стратегијата за човекови права и Институционално јакнење на организацијата, рече Толевска.
Невладината организација ја презентираше и програмата за работа за 2022 година.
- Задоволна сум од сработеното во изминатата година, иако секогаш може подобро. Она што беше како можност во изминатата 2021 година беше искористено и сработено од наша страна, додаде Толевска.
Функцијата извршен директор на делчевската невладина организација досега ја извршуваше Зекир Абдулов, кој по завршувањето на локалните избори, ја доби довербата да биде советник во Советот на општината. вс/бак/

Остани поврзан