• сабота, 28 декември 2024

Бесплатни прегледи за тетовските пензионерки по повод меѓународниот месец за борбата против рак на дојката

Бесплатни прегледи за тетовските пензионерки по повод меѓународниот месец за борбата против рак на дојката

Тетово, 3 октомври 2022 (МИА) - Здружението на пензионери во Тетово преку Комисијата за здравство, организира бесплатни субспецијалистички ехо-прегледи во текот на октомври, по повод меѓународниот месец за борбата против рак на дојката.

Прегледите се вршат во просториите на Здружението во Тетово во вторник, четврток и петок од 10 до 14 часот од страна на специјалист радиолог д-р Павле Спасеновски.

-Со оглед дека октомври е меѓународниот месец за борбата против рак на дојката секој вторник, четврток и петок од 10 до 14 часот ќе има бесплатни прегледи, а пензионерите не треба да носат ни упат само треба добра волја да дојдат на прегледи да се јават тука. Резултатите се даваат веднаш, а ако има потреба за понатамошно третирање им даваме и рентген снимки, изјави д-р Спасеновски.

Докторот потенцира дека превентива и честите прегледи се најдобар начин за брзо октривање на оваа болест. Со соодветен третман пациентката може да ги избегне трагичните последици.

-За жал за рак на дојка, за малигнитетот, нема никакви симптоми, единствено е што треба да се најде тврда грутка во градите. Сепак треба да се прави и разлика, бидејќи секоја циста е тврда, а не секоја циста е значи и рак на дојката.  Прв посериозен знак кој жените може да го препознаат е да се допира кожата на градите и ако станала како кора од портокал, тоа е знак дека нешто не е во ред и да се јават за преглед, изјави д-р Спасеновски.

Тетовското пензионерско здружение има над 11 илјади членови.ас/

Остани поврзан